Cancer Council

Добредојдовте

Целта на овој сајт е да обезбеди информации и средства на повеќе јазици за да им даде поддршка на луѓето заболени од рак.

Ние во Cancer Council NSW веруваме дека најголемо влијание може да се постигне ако ракот се третира како општествено прашање, наместо како чисто здравствено прашање.  Тоа е една од причините зошто сме посветени на подобрувањето на пристапот до нашите услуги и информации за културолошки и лингвистички различни (КЛРЗ) Австралијци.

Добрата вест е дека стапката на преживување од рак значително е зголемена во последните 25 години и NSW сега е меѓу најдобрите во светот според стапката на преживување. Cancer Council NSW беше клучниот агенс за важните промени во контролање на ракот кои придонесоа за опаѓање на стапката на смртност од ракот, но остануваат значителен број видови рак со висока смртност – како на пример, на белите дробови, црниот дроб, желудникот,  мозокот и панкреасот – а ние сме цврсто посветени на истражувањата и борбата против тие видови на рак, преку големи инвестиции и клучни партнерства со културолошки и лингвистички различни (КИЛР) заедници низ NSW.