Кај нас волонтираат луѓе со секакви занимања. Студентите и младите луѓе волонтираат за да добијат работно искуство и вештини кои им се потребни за да им помогнат подоцна во животот да најдат работа.
На сличен начин, други луѓе волонтираат по правење пауза од работа и бараат стекнување на ново исксутво, или пак има многу кои се уште се во работната сила, а кои во волонтирањето внесуваат богатство од вештини, знаење и искуство.
Многу од нашите волонтери се пензионери, кои сакаат своето искуство и дел од нивното новооткриено слободно време да го вложат за добра цел. Волонтирањето може да биде многу забавно и претставува одличен начин за стекнување на нови пријатели. Исто така може да Ви помогне да научите нови вештини и да стекнете вредно работно искуство.
Cancer Council NSW има голем опсег од улоги за волонтери за кои е потребно различно време – од работни места со полно работно време, до еднонеделно попладне или едновечерни настани.
Нудиме места за волонтери низ NSW
Кликнете овде за слободни места за волонтери
и формуларот за контакт
Метрополитански подрачја на Сиднеј
Испратете е-пошта volunteervacancies@nswcc.org.au
или јавете се на Единицата на програмата за волонтирање на (02) 9334 1773
Западен Сиднеј и други региони
Стапете во контакт со Вашата најблиска регионална канцеларија.