Cancer Council

Практична поддршка

Финансиските последици од третманот за рак може да бидат застрашувачки и да зависат од Вашите околности, но можно е да сте подобни за финансиска помош од владини или невладини тела.

Дијагнозта и третманот за рак може да предизвикаат привремена или постојана финансиска потешкотија.  Извесна финансиска поддршка може да е достапна од Centrelink (тел 13 27 17).  Cancer Council NSW исто така нуди мали заеми без камата на пациентите со рак и негувателите со привремени финансиски проблеми кои покажуваат способност за враќање на средствата по закрепнување на нивното здравје.  Исто така има бесплатна помош од финансиски советници и професионална правна помош за подобните пациенти заболени од рак и негувателите. За повеќе информации, јавете се на Телефонската линија за помош на 13 11 20.  Доколку имате потреба од толкувач, стапете во контакт со Службата за преведување и толкување (TIS) на 13 14 50 и побарајте да Ве поврзат со Cancer Council на 13 11 20.

Патувањето и сместувањето може да претставуваат проблем за многу луѓе, особено ако живеат во рурални подрачја и треба да патуваат далеку за нивниот третман.  Планот за помош при патување и сместување на изолирани пациенти (IPTAAS) е една шема за која можеби сте подобни. Формуларите за апликација може да ги добиете од Вашиот локален социјален работник, лекар или медицински центар во заедницата.

Сместувањето е достапно за семејствата на пациентите заболени од рак во собите во некои болници по намалена цена.  На пример, на пациентите заболени од рак и негувателите кои патуваат до Вага Вага за третман, им олесни по отворањето на Lilier Lodge, установа за сместување со 30 легла,  којашто е една од седумте кои ги поддржува Cancer Council низ NSW.

Living Well After Cancer Fact Sheet