Cancer Council

Телефонска линија за помош

За информации во врска со кој било аспект на ракот, Телефонската линија за помош на Cancer Council на 13 11 20 (English) е одлична појдовна точка. Телефонската линија за помош е бесплатна и доверлива телефонска служба за информации и поддршка (се наплаќа како локален повик).

Телефонската линија за помош на Cancer Council NSW е достапна на 120 јазици и дијалекти – преку националната Служба за преведување и толкување (TIS). За цена по локален повик едноствно следете ги следните чекори:

  1. Јавете се на 13 14 50 (Служба за преведување и толкување)
  2. Побарајте го Вашиот јазик (полесно е ако знаете да го изговорите на англиски)
  3. Останете на линијата за толкувач на Вашиот јазик (од 30 секунди до 3 минути)
  4. Кажете му на толкувачот да стапи во контакт со Cancer Council NSW на 13 11 20
  5. Толкувачот и Телефонската линија за помош ќе разговараат со Вас на истата телефонска линија за да можете да го разберете разговорот.  Услугата е бесплатна.

Телефонската линија за помош работи од понеделник до петок, од 9:00 – 17:00 часот. Во друго време, можете да оставите порака и ќе Ве побараме.

Вработените во нашата Телефонска линија за помош се искусни здравствени професионалци за заболувања од рак, вклучително медицински сестри за онкологија, советници и радиотерапевт. Тие може да обезбедат детални информации во врска со сите типови на рак и да одговорат на прашања, како на пример:

  • Како да се спречи ракот или да се открие рано
  • Што значи дијагнозата
  • Што опфаќа третманот
  • Како да се справиме со третманот и неговите негативни ефекти
  • Служби за поддршка кои може да Ви помогнат Вам и на Вашето семејство
  • Тие исто така може да Ви понудат емоционална поддршка.