Цервикалниот карцином е малиген тумор на ткивото на цервиксот (грлото).
Двата главни типови на цервикален карцином се – сквамоцелуларниот карцином којшто е најчест и аденокарциномот.
Во NSW, околу 200 жени се дијагностицираат со цервикален карцином секоја година.
Причините за цервикален карцином се непознати. Сепак, некои фактори го зголемуваат ризикот за жената, како на пример, инфекција од Хуман Папиломавирус (ХПВ) (име на група вируси што предизвикуваат појава на брадавици) и пушењето што создава хемикалии кои ги оштетуваат клетките на цервиксот и заради што има поголема веројатност да се развие рак.
Ако раните клеточни промени се развијат во цервикален карцином, во најчестите знаци спаѓаат: вагинално крвавење помеѓу менструалните циклуси; крвавење по сексуален однос; болка за време сексуалниот однос; невообичаен исцедок од вагината; вагинално крвавење по менопаузата; прекумерна истоштеност; болка во нозете или отекување; болка во долниот дел од грбот.
Сите тие симптоми се вообичаени за многу состојби и не мора да значат дека имате цервикален карцином, но, ако ги имате тие симптоми треба да ги проверите кај Вашиот лекар.
Поголемиот број абнормални промени во цервикалните клетки се откриваат со Пап тест. Секоја жена треба да направи Пап тест еднаш на секои две години.
Друг тест за откривање на ракот е колпоскопијата; биопсија со која мал примерок од ткивото може да се земе од абнормалната површина на цервиксот и да се испрати до лабораторија на испитување.
Доколку се открие рак, во тестовите за откривање колку многу се проширил ракот се вбројуваат: тестови за крвта, рендгенска снимка на градите, скен со КТ, скен со МРИ, скен со ПЕТ или преглед под анестеник.
Една од следните етапи ќе се употребат за опишување на ракот:
Хирушките интервенции се чести за мали тумори кои ќе се откријат само во цервиксот. Степенот на ракот во цервиксот ќе го одреди типот на потребна хируршка интервенција. Хирургијата може да биде трахелектомија со која може да се зачува плодноста, конусна бопсија или хистеректомија.
Третманот може да опфати радиотерапија (надворешна или внатрешна); хемотерапија; хеморадијација.
За луѓето со рак во напредна фаза, палијативниот третман помага за подобрување на квалитетот на живеење преку ублажување на симптомите на ракот. Третманот може да опфати ублажување на болката и справување со физички и емоционални проблеми.
За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council (PDF)