Рак на колонот или ректумот (колоректален рак) се видови рак на дебелото црево. Дебелото црево е дел од дигестивниот систем. Неговите две главни функции се да заврши со варењето на храната преку апсорбирање вода и хранливи материи и да се ослободи од останатите отпадни материи.
Ракот на дебелото црево започнува на два начина. Може да израсне од внатрешнот клеточен слој на цревото или може да израсне од мала испакната површина што личи на печурка, наречена полип. Поголемиот број на полипи се безопасни, но некои може да бидат канцерогени (малигни).
Ракот на дебелото црево е вториот најчест вид на рак што ги зафаќа луѓето од NSW со околу 6.000 нови случаи дијагностицирани секоја година. Иако најчесто ги зафаќа луѓето над 50 година, ракот на дебелото црево може да се јави на која било возраст.
Тестовите за дијагностицирање на ракот на дебелото црево се:
Колку многу ракот се проширил се определува со стадиуми. Определувањето на стадиумот му помага на Вашиот лекар да Ви го препорача најдобриот третман за Вас.
Лекарите можат да го определат стадиумот на Вашиот рак, или пак ако се врши отстранување на ткиво (биопсија), Вашиот лекар ќе може попрецизно да Ви го определи стадиумот.
Лекарите често се служат со меѓународниот систем за стадиуми наречен TNM:
Ако имате хируршка интервенција за рак на дебелото црево, ќе имате лузна која се протега од папокот до Вашата срамна област. Можеби ќе имате потреба од привремена или трајна колоностомија (стома) во зависност од типот на хирургија.
Има три главни типови на хирургија за рак во ректумот или анусот.
Не мора да следите точна диета по хируршки зафат на дебелото црево, но промените во Вашето дебело црево предизвикани од хирургијата може да предизвикаат гасови или мекост на столицата. Таблетите со медицински јаглен и јогуртот може да Ви олеснат. Некои видови на храна може да предизвикаат иритабилност или блокирање на Вашето дебело црево. Во нив спаѓа храната со висока содржина на влакна, како на пример портокалите, јагодите и јаболката, свежиот зеленчук, како зелката, зелената салата и целерот, некои видови на варен зеленчук, како на пример спанаќот, грашокот и пченката, пуканките, лешниците, кокосот, сезонска храна, домати и храна со семе или јатка. Пиењето најмалку шест до осум чаши вода дневно помага за подобрување на каква било констипација. Овошјето или сокот од сливи исто така може да помогнат.