Cancer Council

Рак на дојка

Ракот на дојката започнува во каналите или лобусите на дојката. Клетките на каналите или лобусите може неконтролирано да се можат и да се развијат во рак. Одредени видови на рак на дојката се откриваат кога сe уште се ограничени на каналичињата или лобусите на дојката. Најчестите типови се дуктален карцином „ин ситу“ (ДКИС) и лобуларен карцином „ин ситу“ (ЛКИС). Поголемиот број случаи на рак на дојката се откриваат кога тие се инвазивни. Тоа значи дека ракот се проширил надвор од каналчиња или лобулите на дојката во околното ткиво.

Ракот на дојката е најчестиот вид на рак меѓу жените во Австралија. Околу 13.000 жени се дијагностицираат со рак на дојка секоја година. Ракот на дојката може да се појави на која било возраст. Почест е кај жените на возраст над 60 години, но околу една четвртина од жените се помлади од 50 години.

Точната причина за ракот на дојка е непознат, но некои фактори го зголемуваат ризикот.  Мал број на случаи на рак на дојката (околу 5% или 1 од 20) може да бидат предизвикани од наследен оштетен ген.

Може да забележите промена во Вашата дојка или Вашиот лекар може да открие невообичаена промена во дојката за време клинички преглед на дојката.  Знаците кои треба да ги барате се: грутка, грутки или задебелување; промени во пупката – како промена во големината; образување на кора, рана или чир; црвенило или пупка која пропаѓа (кон внатре), наместо да биде испакната; промени во кожата на дојката – како појавата на вдлабнувања во кожата, невообичаено црвенило или други промени во бојата; промена во обликот или големината на дојката – може да има зголемување или намалување на големината; невообичаен исцедок од пупката без стискање; отекување или непријатно чувство во пазувата; постојана, невообичаен болка – ако тоа не е поврзано со Вашиот нормален менструален циклус, останува по циклусот и се јавува само на едната дојка.

Не мора да значи дека тие промени значат дека имате рак на дојка. Сепак, ако имате кој било од тие симптоми треба да ги проверите кај Вашиот лекар без одложување.  Некои жени немаат никакви симптоми и нивниот рак на дојка може да се открие со мамографски преглед.  Тоа е рендгенска снимка на дојките со ниска доза на зрачење. Може да најде промени кои се премногу мали за да се почувствуваат при физикален преглед.  При снимање со мамограф, се проверуваат двете дојки со притискање на дојките меѓу две плочки за рендгенско снимање, кои го шират ткивото на дојката за да можат да се добијат јасни слики. За многу жени таа процедура е непријатна, но трае околу 20 секунди.

Понекогаш има потреба од ултразвук. Ако околу дојката се открие невообичаен дел од ткиво, Вашиот лекар ќе предложи биопсија.  Биопсијата значи отстранување на мало количество ткиво од дојката за тестирање.

Тестовите покажуваат дали имате рак, а исто така може да покажат дали ракот се проширил до други делови од Вашето тело. Колку многу ракот се проширил се определува со стадиуми. Тоа на Вашиот лекар му помага да го препорача најдобриот третман.

Стадиумите на ракот на дојка се нумерираат од I до IV. Раниот рак на дојка се класифицира според дадените стадиуми:

  • Стадиум I – Туморот е мал, помал од 2cm во дијаметар и не се проширил до лимфните јазли.
  • Стадиум IIA – Туморот е помал од 2cm и се проширил до лимфните јазли или е поголем (2-5cm) и не се проширил до лимфните јазли.
  • Стадиум IIB (ран) – Туморот е помеѓу 2-5cm и се проширил до лимфните јазли.

Стадиумите од IIB (напреднат) до Стадиум III and Стадиум IV, укажуваат на рак на дојка во напредна фаза.

На ракот исто така ќе му се додели степен. Степенот покажува колку брзо ракот расте.

  • 1 степен – Мал степен. Клетките изгледаат абнормални и растат побрзо од нормалните клетки, но не толку брзо како од 2 степен.
  • 2 степен – Среден степен. Клетките изгледаат абнормално и растат побрзо од 1 степен, но не толку брзо како од 3 степен.
  • 3 степен – Висок степен. Побрзо растечеки рак.

Колку степенот е поголем, толку поголема е веројатноста да примате хемотерапија или хормонска терапија по хирургијата.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Early Detection of  Breast Cancer (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. After a Diagnosis of  Breast Cancer (PDF)