Причините за појава на поголемиот број тумори на мозокот и ‘рбетниот мозок се непознати, но има неколку познати фактори на ризик за малигни мозочни тумори:
Мозочните тумори НЕ се заразни.
Луѓето со тумот на мозокот или ‘рбетниот мозок имаат различни симптоми, во зависност од тоа каде се наоѓа туморот. Понекогаш, кога туморот расте бавно, симптомите се развиваат постепено и тешко се забележуваат. Симптомите може да бидат слични на други болести.
Вашиот општ лекар веројатно ќе ги определи првите тестови за процена на Вашите симптоми. Обично ќе Ве упатат на невролог, кој ќе организира други тестови и ќе Ве советува за можностите за третман.
Можеби ќе треба да направите КТ (компјутерска томографија) скен или МРИ (снимање со магнетна резонанца) скен.
Ако докторот Ви препорача какви било други тестови, замолете го да Ви ги објасни. Разбирањето што ќе се случи може да Ви помогне да се чувствувате помалку загрижени пред тестот.
Туморите на мозокот или на ‘рбетниот мозок обично се лекуваат со хирургија, радиотерапија, хемотерапија или стеоидна терапија. Тие третмани може да се користат посебно или во комбинација.
Целта на третманот е да се отстрани туморот или да се забави неговиот раст и/или да се ублажат симптомите со намалување на туморот и каков било оток околу него.
Има многу типови на нови и експериментални третмани (или подобрувања на постоечки третмани) кои понекогаш се користат за лекување на луѓе со тумори. Тие третмани, како на пример, генската терапија, не се дадени детално на оваа веб страница.