Cancer Council

Рак на простата

Простатата е мала жлезда кој се наоѓа под мочниот меур и ја има само кај мажите.  Ракот на простата е најчестиот вид на рак кај мажите во Австралија. Врз основа на цифрите од 2006 година, еден од седум мажи во NSW ќе развие рак на простатата до 75 години, а еден од пет мажи ќе заболи до 85 години. Тоа значи околу 6.000 нови случаи секоја година. Поретко се јавува кај мажи под 50 години, освен ако имаат семејна историја за рак на простата.

Простатата нормално станува поголема како што мажите стареат, а растењето на простатата може да ја стесни или да ја затвори уретрата, со што може да се промени шемата на уринирање. Тоа зголемување се нарекува бенигно зголемување на простатата, но тоа не е рак. Може да предизвика симптоми, како на пример, често уринирање, особено ноќе; итна потреба за уринирање; тешкотија при започнување уринирање; протекување или капење по уринирањето.

Ракот на простата во рана лечлива фаза, ретко предизвикува симптоми. Тоа е поради тоа што ракот не е доволно голем за да притиска врз уретрата.  Ако ракот порасне и се рашири надвор од простатата (рак во напредна фаза), може да ги предизвика следните проблеми – болка или печење при уринирање; зголемена честота или тешкотија при уринирање; крв во урината или семенот; болка во долниот дел од грбот, колковите или горниот дел од бедрата.  Тие симптоми се чести за многу состојби и може да не бидат знак за рак на простата во напредна фаза. Ако сте загрижени, одете на лекар.

Иако причините за појава на рак на простатата се непознати, можноста за развој на рак на проостата се зголемува како што стареете – главно ги зафаќа мажите над 65 години; ако Вашиот татко или брат имале рак на простатата или ако сте имале силна семејна историја за рак на дојката.

Кај 5-10% од мажите со рак на простата, нивната семејна медицинска историја може да укаже дека тие имаат наследен ген што придонел за развој на ракот.

Вашиот лекар ќе ја потврди дијагнозата со одреден број на тестови. Можеби ќе ги направите следните тестови – крвен тест за антиген специфичен за простата (ПСА); дигитален ректален преглед.  Биопсијата се прави ако ПСА тестот или дигиталниот ректален преглед се абнормални.  Ако биопсијата покажува рак на простатата, може да се направат други тестови за да се процени степенот на ракот и дали тој се проширил до други делови од телото. Тоа му помага на лекарот да го препорача најдобриот третман.  Тие тестови би можеле да опфатат крвни тестови, скен на коските, МРИ скен, КТ скен.

Стандардизиран меѓународен систем наречен TNM се користи за определување на стадиумот на ракот на простатата и покажува колку далеку се проширил ракот.

  • T (тумор) укажува на големината и на длабочината на инвазијата на туморот.
  • N (јазли) укажува на тоа дали се зафатени лимфните јазли (жлезди).
  • M (метастаза) укажува дали ракот се проширил.

Во TNM системот, на секоја буква и се доделува број што означува колку напреднал ракот. Колку бројот е помал, толку помалку ракот напреднал.

На ракот на простатата исто така му се доделува степен за да покаже колку брзо ракот може да расте. Се користи систем наречен Глисенов резултат. Се добива со доделување на степен помеѓу 3 и 5 на двата најчести видови на ткиво. Тие два степена се собираат за да се добие краен резултат од 10.  Низок Глисенов резултат (6) укажува на бавно растечки (помалку агресивен) рак. Друг резултат (8-10) укажува на побрзо растечки (поагресивен) рак.  Лекарот исто така ќе го земе предвид волуменот на ракот. На пример, ако имал една мала канцерогена точка, лекарот ќе го смета за рак со мал волумен. За рак со помал волумен, со понизок степен, може да се избере помалку агресивен третман.

Урологот ќе даде совет за најдобриот третман откако ќе ги земе предвид возраста, општото здравје, колку брзо расте ракот на простатата (степенот) и дали се проширил (стадиумот). Во третмани за локализиран рак на простата се вбројуваат хирургијата и радиотерапијата. Ако ракот се проширил надвор од простатата, може да се користи хормонска терапија.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Early Detection of  Prostate Cancer (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. After a Diagnosis  of  Prostate Cancer (PDF)