Cancer Council

Рак на црн дроб

Има два различни типови на рак на црниот дроб.  Примарниот рак на црниот дроб е рак што започнува во црниот дроб, додека Секундарниот рак на црниот дроб започнува во друг дел од телото и се шири (метастазира) до црниот дроб.

Околу 360 луѓе секоја година се дијагностицираат со примарен рак на црниот дроб, а двапати почест е кај мажите отколку кај жените и кај луѓето над 65 години.

Точната причина за појавата на рак на црниот дроб е непозната, но одредени фактори можат да го зголемат ризикот, вклучително инфекција од хепатит Б или Ц, консумирање алкохол долг временски период, цироза на црниот дроб.

Обично нема симптоми за примарниот рак на црниот дроб во рани етапи. Симптомите за примарен или секундарен рак на црниот дроб обично се појавуваат кога ракот напреднал и може да опфатат слабост и замор; болка во горниот десен дел од абдоменот; загуба на телесна тежина; губење на апетит; пожолтување на кожата и очите, познато како жолтица; лошење; отекување на абдоменот; треска.

Во тестовите што се користат за дијагностицирање на ракот на црниот дроб спаѓаат: крвни тестови, скен со КТ, скен со МРИ, биопсија, скен со ПЕТ.

Определувањето на етапата, на лекарот му кажува колку ракот се проширил. Тоа му помага на тимот за здравствена нега да одлучи кој третман е најдобар.

Определувањето на етапата на туморот е поврзано со неговата големина, дали ги зафатил крвните садови, дали се проширил во органите околу црниот дроб, во абдоминалната празнина или до подалечни органи.

Определувањето на етапата за примарен рак на црниот дроб, исто така може да опфати процена на основната функција на црниот дроб.

Прогнозата означува очекуван исход од болеста.  Ќе треба да разговарате за Вашата прогноза со Вашиот лекар, но ниту еден лекар не е можно да Ви даде 100% прецизно предвидување за текот на болеста.

Хируршката интервенција за рак на црниот дроб се нарекува ресекција на црниот дроб. Тоа е главниот третман за примарен рак на црниот дроб.

За секундарниот рак на црниот дроб, се врши хируршка интервенција само ако ракот не се проширил низ целиот црн дроб или ако секунардниот рак не се проширил до други делови од телото.

Во други третмани спаѓаат: радиофреквентна аблација (РФА); алкохолна инјекција; криотерапија; хемотерапија и хемоемболизација; радиотерапија; ендоскопска палијација.

За повеќе информации, јавете се на телефонската линија за помош на 13 11 20. Доколку имате потреба од толкувач, јавете се на Службата за телефонско толкување на 13 14 50 и побарајте да Ве поврзат со Cancer Council на 13 11 20. Услугата е бесплатна.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council (PDF)