Cancer Council

Рак на јајчник (оваријален карцином)

Јајчниците се дел од репродуктивниот систем на жената. Има по еден јајчник на секоја страна од матката.

Ракот на јачник е малиген тумор на едниот или на двата јајчници.  Има два типа, Епителијален оваријален карцином, којшто е најчестиот тип на оваријален карцином и Неепителен карцином.  Во NSW, секоја година има околу 450 случаи на рак на јајчник, со што претставува десеттиот најчест вид на рак кај жените, а просечната возраст за дијагноза е 63 години.

Причината за ракот на јајчник е непозната. Сепак, следните фактори ги зголемуваат можностите за развој на рак на јајчник кај жената. Возраста, породилната историја, хормонските фактори. Не постои докажана поврзаност помеѓу ракот на јајчник и исхраната со висока содржина на масти, користењето на талк пудра околу гениталиите или вирусот на заушки.

Кај околу 5-10% од жените дијагностицирани со рак на јајчници, може да има семејна историја кој го зголемува ризикот за развој на рак на јајчник.

Ракот на јајчник често е притаено заболување во раните стадиуми, што значи дека многу жени немаат никакви симптоми. Ако се појават симптоми, тие обично се нејасни и може да опфатат: отекување, притисок, непријатно чувство или болка во стомакот; жиговина, лошење или подуеност; промени во навиките за одење во тоалет, како на пример, констипација, дијареа и често уринирање како последица на притисок; замор и загуба на апетит; необјаснива загуба или зголемување на телесната тежина; промени во шемата на Вашиот менструален циклус или постменструално крвавење; болка за време сексуален однос.  Тие симптоми се чести за многу болести, а поголемиот број на жени со тие симптоми нема да имаат рак на јајчник. Дијагнозата може да се потврди само со тестови.

Поголемиот број на тумори на јајчниците се присутни извесно време пред да бидат откриени. Понекогаш, ракот на јајчник се открива неочекувано за време операција, како на пример, хистеректомија (отстранување на матката).

Лекарот ќе провери дали има маса или грутка со напипување на Вашиот стомак и правење на вагинален преглед.

Хемикалиите кои ги произведуваат клетките на ракот може да се откријат во крвта како протеини. Тие се наречени туморни маркери. Нивото на туморни маркери ќе се утврди со крвен тест.

Во други тестови спаѓаат: абдоминален ултразвук, трансвагинален ултразвук, КТ скен, МРИ скен, рендгенска снимка.

Колку многу ракот се проширил се определува со стадиуми. Определувањето на стадиумот на ракот на лекарот му помага да донесе одлука за третманот.

Поедноставена верзија од чест систем за одредување стадиум е опишана подолу:

  • I стадиум – Рак е откриен на еден или двата јајчници.
  • II стадиум – Рак е откриен на еден или двата јајчници и се проширил до другите органи близу карлицата.
  • III стадиум – Ракот се проширил надвор од карлицата до абдоминалната обвивка, цревата или лимфните јазли во абдоменот или карлицата.
  • IV стадиум – Ракот се проширил надвор од абдоменот, на пример, до црниот дроб, белите дробови или подалечни лимфни јазли.

Тертманот за рак на јајчник зависи од видот на рак што ќе биде откриен, стадиумот, општото здравје и виталноста на пациентот, препораките на лекарот.  Епителниот оваријален карцином често се лекува со хирургија, хемотерапија и/или радиотерапија. Граничните тумори обично се лекуваат со хирургија. Неепителниот оваријален карцином обично се лекува со хирургија и/или хемотерапија.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Early Detection of Ovarian Cancer (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. After a Diagnosis of Ovarian Cancer (PDF)