Cancer Council

Што е рак (канцер)?

Ракот е заболување на клетките, коишто се основните телесни единици. Нашите тела постојано создаваат нови клетки за да ни овозможат да растеме, да ги замениме истрошените клетки или да ги закрепнеме оштетените клетки по повреда. Определени гени го контролираат тој процес и сите видови на рак се предизвикани од оштетувањето на тие гени. Тоа оштетување обично се случува за време на нашиот животен век, иако мал број луѓе наследуваат оштетен ген од родител. Вообичаено, клетките растат и се множат на правилен начин. Сепак, оштетените гени може да предизвикаат нивно абнормално однесување. Тие може да се развијат во грутка наречена тумор.

Туморите може да бидат бенигни (што не е рак) или малигни (рак). Бенигните тумори не се шират надвор од нивните нормални граници кон други делови од телото.

Кога прво ќе се развие малиген тумор, тој може да биде ограничен на неговата првобитна локација. Доколку тие клетки не се лекуваат, може да се рашират надвор од нивните нормални граници и во околните ткива, преминувајќи во инвазивен рак (што метастазира).

Нормални клетки Абнормални клетки Абнормалните клетки се множат Малиген или инвазивен рак
Граница
Лимфен сад
Крвен сад

Некои бенигни тумори се предканцерогени и може да прераснат во рак, доколку не се лекуваат. Други бенигни тумори не прераснуваат во рак.

 

Ширење на ракот

Примарен (основен) рак
Локална инвазија
Ангиогенеза – туморите создаваат сопствени крвни садови
Лимфен сад
Граница
Метастаза – клетките се поместуваат од основниот тумор и зафаќаат други делови од телото преку крвните садови и лимфните садови
Крвен сад

 

Со цел ракот да порасне поголем од главата на игла, мора да создаде сопствени крвни садови. Понекогаш клетките се поместуваат од првобитниот (примарен) рак, или преку каналите за течности на локалното ткиво или во крвотокот, и ги зафаќаат другите органи. Кога тие клетки ќе дојдат до нова локација, тие може да продолжат да растат и да формираат друг тумор на таа локација. Тоа се нарекува второстепен рак или метастаза.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Coping With a Cancer Diagnosis (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Men and Cancer Prevention (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Women and Cancer Prevention (PDF)