Cancer Council

Добротворни настани

Секоја година Cancer Council организира посебни настани на кои ги информираме луѓето за прашања поврзани за ракот и нашата работа, и им даваме можност да ни помогнат во градењето на заедница која е запознаена со ракот. Тие настани, на кои се собираат милиони долари и во кои учествуваат стотици луѓе од целиот NSW, многу придонесуваат за борбата против ракот, а исто така се многу забавни!

Најголемиот утрински чај во Австралија – Се одржува во текот на мајAustralia's Biggest Morning Tea

Станете домаќин за Најголемиот утрински чај во Австралија и напијте се една „шолјичка“ за рак. Претставува едноставен, забавен и лесен начин за собирање пари за истражувања за ракот и за службите за поддршка. Можете да служите утрински чај буквално секаде, како во Вашата канцеларија, дома, на училиште или со Вашата локална спортска група за дружење.
Регистрирајте се на www.biggestmorningtea.com.au

Ден на нарцисот – Се одржува секоја година во августDaffodil Day

Нарцисот е меѓународниот симбол на надежта за сите засегнати поради ракот. Денот на нарцисот прерасна во најголемиот настан за собирање средства во Австралија. На денот на нарцисот, приклучете им се на илјадници луѓе кои јавно се борат против ракот со нарачување и продавање на кутија со роба или едноставно преку волонтирање на Денот на нарцисот со цел собирање пари за истражувања за ракот.

Настан по Ваш избор – Кога било, каде билоDo Your Thing

Можете да се регистрирате како Собирач на средства за заедницата во кое било време од годината и да претворите буквално што билo што Ви дава задоволство во добротоворен настан. Спортски ден или трчање за забава, баналност или играње карти, вечерна забава или дегустација на вина, ден за носење цивилна облека, лотарии, стрижење на коса или какви било иницијативи за градење на тимски дух. Постојат следниве: Hair Thing (Настани за средување коса), Work Thing (Настани на работа), Race Thing (Настани со трки), Bowls Thing (Настани со куглање), Pink Thing (Настани за розова боја), School Thing (Училиштни настани). Или приклучете се на Big Thing (Големо збиднување) што претставува претходно организиран настан што го поддржува Cancer Council, како на пример Seven Bridges Walk (Пешачење по седумте мостови), City Mile Dash (Градска трка на 1 милја), Mud Run (Трка во кал), and the Bondi to Bronte Ocean Swim (Пливање во океанот од Бонди до Бронте). Дознајте повеќе на www.doyourthing.com.au

Трчајте за живот – низ целата годинаRelay For Life

Забавен настан што се одвива надвор и преку ноќ, каде што тимови од 10 до 15 луѓе се менуваат и пешачат на патека за трчање во локалниот стадион. Настаните Трчајте за живот им оддаваат почит на луѓето чијшто живот бил засегнат од ракот.

Женска вечерна собиранка – Се одржува во текот на октомвриGirl's Night In

Славете го пријателството и забавувајте се додека собирате пари за ракот на дојка. Поканете ги Вашите пријателки да се соберете во Вашиот дом и побарајте донација во вредност од сумата која би ја потрошиле за вечерно излегување во град. Независно дали повеќе сакате да се отпуштите или да се забавувате, Женска вечерна собиранка е одлична можност да се видите со пријателките. Определете тема на вечерта, како на пример, ноќ за разубавување, игри или филм или едноставно отпуштање и разговор.

Регистрирајте се на www.girlsnightin.com.au

Ден за розова панделка – Се одржува секоја година во октомвриPink Ribbon Day

Ракот на дојка е најчестиот вид на рак кај жените во Австралија, по еден нов случај се дијагностицира на секој час. Носете Розова панделка во октомври и помогнете за зголемување на свеста во врска со ракот на дојката.  Можете да помогнете во собирањето средства за истражувања поврзани со ракот на дојка преку нарачување на кутија со панделки за продавање или преку регистрирање како волонтер во еден од многуте места низ Сиднеј на денот на промоција.

За дополнителни информации, Ве молиме одете на www.pinkribbonday.com.au

Повик за борба – Се одржува во текот на јулиCall To Arms

Секоја година, повеќе од 19.000 мажи во NSW ги слушаат зборовите „Имате рак“. Cancer Council NSW ги повикува сите спортски заедници да го решаваат проблемот со ракот и да се приклучат на Повик за борба. Од играчите се бара да носат жолти стегачи за раце во текот на јули и да дадат придонес за Cancer Council.

Регистрирајте се на www.calltoarms.com.au

Отмена вечер – Се одржува секоја година во априлPosh 2011

Гала настан со црна вратоврска што се одржува во Сиднеј и собира средства за истражувања за ракот со помош на дарежливи претприемачи и поединци.