Cancer Council

Информации за негуватели

Негувањето може да претставува предизвик, но многу негуватели исто така сметаат дека ги наградува.

Можеби не се сметате за негувател, туку едноставно како некој што се грижи за лице на кое му е потребен. Ако се прифатите во улогата на негувател ја признавате значајната работа која ја правите со тоа што се грижите за лице заболено од рак.

Станувањето негувател не секогаш претставува природен или директен развој. Може да имате спротивставувачки задолженија, како на пример, ново семејство или напорна работа, или да не живеете многу блиску до лицето за кое се грижите.

Станувањето негувател веројатно за Вас е голема промена и може да Ви биде потребно време за да се приспособите на Вашата нова улога и одговорности. Многу природно е да имате силни емоции; нормално е да се чсувствувате збунети и под стрес.

За информации во врска со кој било аспект на ракот или емоционалната поддршка, Телефонската линија за помош на Cancer Council на 13 11 20 е одлична појдовна точка. Телефонската линија за помош е бесплатна и доверлива телефонска служба за информации и поддршка (се плаќа локален трошок за повикот).  Телефонската линија за помош работи од понеделник до петок, од 9:00 – 17:00 часот. Во друго време, можете да оставите порака и ние ќе Ви се јавиме.

Телефонската линија за помош на Cancer Council NSW е достапна на 120 јазици и дијалекти – преку националната Служба за преведување и толкување (TIS). За повик по цена за локален повик едноставно јавете се на 13 14 50 (Служба за преведување и толкување) и побарајте го Вашиот јазик (полесно е ако можете да го изговорите на англиски јазик). Кажете му на толкувачот да стапи во контакт со Cancer Council NSW на 13 11 20. Услугата толкување е бесплатна.

Вработените во нашата Телефонска линија за помош се искусни здравствени професионалци за заболувања од рак, вклучително медицински сестри за онкологија, советници и радиотерапевт. Тие можат да обезбедат детални информации во врска со сите типови на рак и да одговорат на прашања, како на пример, што значи дијагнозата, што опфаќа третманот, како да се справите со третманот и неговите негативни влијанија, за службите за поддршка кои може да му помогнат на Вашето семејство.

Внимателната медитација е моќна алатка за справување со стресот и воземиреноста во Вашиот живот.

Австралискиот психолог д-р Лизбет Лејн Ве води низ основите на медитацијата, овозможувајќи Ви да најдете малку мир од Вашите напорни мисли. Тие едноставни вежби Ви помагаат да ги завршувате работите дел по дел, со цел полесно да можете да се сосредоточите на сегашноста, наместо да се грижите за минатото или да стравувате за иднината.

Белешка – Таа снимка Ве охрабрува да се одморите и да се отпуштите. Ве молиме не слушајте ги овие снимки додека возите или ако треба да бидете на штрек.

Благодарност – Благодарни сме и на д-р Лизбет Лејн од Одделот за онкологија, Болницата Вулонгонг, за составување и читање на таа снимка.

Музика – ‘Karmic Ship’. Добиена од Getty Images.

Нарачајте бесплатна копија од ова ЦД на Телефонската линија за помош на 13 11 20.

Одвојувањето време секој ден за да се отпуштите може да Ви помогне за да се чувствувате подобро и за да се справите со предизвиците од третманот и закрепнувањето. Австралискиот психолог д-р Лизбет, Ве води низ основите на релаксацијата, поттикнувањето длабоко дишење и смиреност.

Ако се практикуваат редовно, основите на релаксација, поттикнувањето длабоко дишење и смиреноста, можат да Ви помогнат да ја намалите мускулната тензија, подобро да спиете, да ги наполните батериите, да се оддалечите од Вашите проблеми и да најдете малку внатрешен мир.

Relaxation – For People With Cancer by Cancer Council NSW

Белешка – Оваа снимка Ве поттикнува да се одморите и да се отпуштите. Ве молиме не слушајте ги овие снимки додека возите или ако треба да бидете на штрек.

Музика – ‘A Pure Embrace’ од Кристофер Лојд Карк. Со дозвола од RoyaltyFreeMeditationMusic.com.

Нарачајте бесплатна копија од ова ЦД со јавување на Телефонската линија за помош на 13 11 20.

  • Искрено зборувајте за Вашите чувства. Обидете се да не ја смените темата ако стане непријатно. Напротив, споделете ги Вашите чувства.
  • Зборувајте за други работи. Ако имаат рак не значи дека го загубиле интересот за нивните најдобри спортски тимови или ТВ емисии.
  • Ислушајте ги за нивните грижи во врска со третманот, негативните ефекти, финансиите и иднината.
  • Обидете се да ги разберете нивните чувства и гледишта.
  • Не плашете се ако не кажете ништо. Тишината може да биде непријатна, но со самото тоа што се блиску до нив или што ги држите за рака, исто така е знак дека се грижите.
  • Информирајте се. Дознајте за ракот и неговото лекување. Тоа ќе Ви помогне да разберете со што се соочува тој човек. Сепак, бидете внимателни кога давате совет.
  • Бидете тука. Ќе бидат помалку изолирани и ќе знаат дека се грижите.
  • Предложете им да одите со нив на лекар или до болницата. Можете да учествувате во дискусијата, да земате белешки или едноставно да слушате.
  • Обезбедете практична помош. Однесете ги децата на училиште, подгответе оброци или помагајте во домот.
  • Не обидувајте се да правите премногу или целосно да преземете. Дајте му на лицето можност само да ги врши работите. Веројатно ќе ја ценат можноста да бидат корисни.
  • Вклучете ги другите. Побарајте помош од службите кои се тука за да Ви помогнат.
  • Нека останат вклучени. Дури и ако членот на Вашето семејство или пријателот е во болница или дома во постела, тие можат да останат вклучени во дискусиите за нивните деца, што се случува на работа или да слушаат за Вашите активности и планови.
  • Грижете се за себа. Дајте си време за одмор. Треба да се грижите за Вашето здравје ако сакате да давате поддршка. Не потценувајте го емоционалното влијание од давањето поддршка на некој што е заболен од рак.