Cancer Council

Работата и ракот

Работата е значаен дел од животот на многу луѓе. Освен приходот, дава задоволство и можност за дружење со колегите. Штом бидете физички способни, враќањето на работа е еден од начините Вашиот живот повторно да биде нормален.

Доколку поради третманот е невозможно да се вратите на работа, погледнете некои програми за рехабилитација и преквалификација кои ќе можат да Ве подготват за друга работа.

Понекогаш е тешко да најдете работа или да дознаете дека не Ве земале предвид за унапредување.

Имате право на правичен третман на работното место. Доколку Ви е потребен совет во врска со дискриминација, разговарајте со социјален работник или Комисијата за човекови права.