Третманот за рак, негативните ефекти, лузните од хирургија и промените во телесната тежина може да влијаат врз Вашето мислење за себе. Следните стратегии може да бидат корисни:
Сексуалноста е поврзана со тоа кој сте, што мислите за себе, како се изразувате сексуално и Вашите сексуални чувства кон другите. Сексуалноста се разликува од човек до човек и врз неа влијаат различни фактори, вклучително религијата, културата, возраста и ситуацијата.
На сличен начин, сексуалноста се изразува на многу начини според облеката која ја носите, начинот на кој се движите, како се дотерувате. Сите ние сме сексуални битија и ако сме заболени од рак, независно дали имаме партнер или не, не го менува тоа.
Интимноста значи да се биде физички и емоционално близок со некој друг и значи да сакате и да бидете сакани. Таа се изразува на различни начини – со лични разговори, споделување на значајно искуство или преку физичка привлечност.
Ракот влијае врз сексуалноста и интимноста на физички и емоционални начини. Навременото справување со промените може да Ви помогне Вам и на Вашиот партнер полесно да се приспособите. Разговарајте со Вашиот општ лекар или социјален работник, за да Ви дадат насоки за специфични проблеми кои можете да ги имате.