Cancer Council

Справување со стресот

Некои луѓе имаат поголем проблем да се приспособат на дијагнозата отколку други. Нормално е да се чувствувате депресивно. Веројатно нема да можете да размислувате јасно, ќе губите интерес или нема да сакате да станете наутро.

Започнувањето со третманот и негативните ефекти што тој може да ги предизвика исто така може да направи да се чувствувате депресивно. Враќањето повторно и повторно во болницата или во докторската ординација – места што веројатно ги претставуваат најстрашните аспекти на ракот, не е лесно.

Можете да се обидете да планирате посебни активности за деновите кога се чувствувате добро и да се подготвите за деновите кога се чувствувате лошо.

Советувањето може да помогне да се справите со депресијата. Разговарајте со болничкиот социјален работник или јавете се на Телефонската линија за помош на 13 11 20 за повеќе информации за психолози.  Доколку имате потреба од толкувач, Ве молиме јавете се на Службата за телефонско толкување (СТТ) на 13 14 50 и побарајте да Ве поврзат со Телефонската линија за помош на Cancer Council на 13 11 20.  Услугата е бесплатна.

Групите за поддршка можат да Ве поврзат со други лица кои поминуваат низ слично искуство и да Ви овозможат да дадете и да примите поддршка.

Дневникот за нега на ракот Ви овозможува да ги забележувате информациите во врска со Вашата нега за ракот на едно место. Можете да ги запишете состаноците со здравствените професионалци, да ги запишете лекарствата, да забележите какви било симптоми или негативни ефекти, да ги забележите трошоците поврзани со Вашиот третман, да запишете какви било дополнителни белешки, на пример, информација за негувател. Ако сакате бесплатна копија од дневникот, јавете се на Телефонската линија за помош на 13 11 20 да побарате.

Ракот и неговиот третман може да наметнат дополнителни барања од Вашето тело, така што добрата исхрана е поважна од кога било. Тоа не е секогаш можно, затоа што може да се чувствувате премногу лошо за да јадете. Сепак, има начини да се справите и да ги контролирате влијанијата што третманот ги има врз апетитот.  Поволностите од добрата исхрана помагаат подобро да се носите со негативните влијанија од третманот и побрзо да закрепнете.

Губењето апетит е вообичаен проблем што често го предизвикуваат ефектите од ракот врз телото. Негативните влијанија од третманот за рак или депресивното расположение или вознемиреноста исто така можат да предизвикаат губење апетит. Едноставно може да не Ви се јаде.  Има многу начини оброците да ги направите попријатни. Обидете се да не ги пропуштате оброците. Ако можете, обидете се да имате три мали оброци и три ужини секој ден. Неколку залаци храна е подобро отколку ниту еден.

Дијагнозата и третманот за рак можат да бидат емоционално време. Покрај чувството на страв, изолираност или лутина, едноставно може да се чувствувате совладани од сите тестови и третмани низ кои поминувате.  Разговорите со Вашето семејство и пријателите, како и со Вашиот општ лекар или болницата може да помогнат.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Stop Smoking (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Stay in Shape (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Eat for Health (PDF)

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Move Your Body (PDF)