Cancer Council

За нас

Cancer Council NSW е добротворна организација која е финансирана од заедницата и фокусирана врз заедницата, посветена на уништување на ракот.

Основана во 1955 година, Cancer Council не е владино тело – таа е водечка, независна добротоворна организација во NSW со која управува избран Одбор од директори со одговорност кон заедницата на NSW. Организацијата е центар на јавни дејства, јавно дарување и комуникација на јавноста поврзана со ракот повеќе од 50 години.

Еве некои од начините на кои работиме за уништување на ракот:

  • Затоа што 1 од 2 луѓе во NSW ќе развијат рак во нивниот животен век, Cancer Council NSW има искусни медицински сестри за онкологија на нашата Телефонска линија за помош кои одговараат на речиси 20.000 повици секоја година од луѓе коишто бараат информации за ракот, неговото лекување и влијанијата.
  • Нашиот вкупен расход за истражувања за 2011 година изнесуваше повеќе од $15 милиони и доделивме $9,5 милиони на нови надворешни истражувања.
  • Годишно обезбедуваме околу 225.000 брошури за Разбирање на ракот на 40 различни теми до болниците, центрите за лекување, библиотеките и пациентите заболени од рак и нивните семејства.
  • Повеќе од 2.000 доброволци работат со Cancer Council NSW во нашата мисија за уништување на ракот
  • Во 2010 година, финансиравме повеќе од 300.000 километри за превоз на пациенти, вклучително во регионалните подрачја на NSW.
  • Ние обучуваме повеќе од 400 луѓе во NSW како застапници со цел остварување директни и пишани поднесоци до парламентарниците во врска со прашања за контрола на ракот.
  • Повеќе од 700 детски служби во државата се квалификувани како Cancer Council SunSmart центри. Оваа програма ги поддржува детските служби за развој и спроведување на политика за заштита од сонцето со која се намалува изложувањето на децата на UV зрачење и го намалува ризикот за рак на кожата.

 

За повеќе информации на англиски јазик, Ве молиме прочитајте го нашиот целосен годишен извештај.

Годишен извештај за 2010-2011 година [Прочитајте го како онлајн брошура] ИЛИ

Преземете го Годишниот извештај за 2010-2011 година [PDF големина 3,6 MB]

Преземете го Финансискиот извештај за 2010-2011 година [PDF големина 3,8 MB]