Cancer Council

Истражување

Сметаме дека истражувањето има клучна улога во нашата мисија за борба против ракот и ние сме сигурни дека финансирањето на квалитетни истражувања и истражувачи денес, ќе оствари епохални напредоци кои ни се потребни за да осигураме тековни подобрувања во превенцијата, дијагностицирањето и лекувањето на ракот.

Изнесувањето на надежни истражувања од лабораторијата во центрите за лекување како клинички обид е друг значаен приоритет и нашата посветеност на клиничките обиди расте и расте.

Во 2011 година, Cancer Council потроши $14,2 милиони на внатрешни и надворешни истражувања, вклучително одреден број на меѓудржавни и меѓународни соработки.

Студијата CLEAR регрутира луѓе со рак и кога е можно нивните партнери, да земат учество во оригинален истражувачки проект. Студијата CLEAR има за цел да ги собере најсеопфатните информации до денес, за животниот век и генетските фактори кои влијаат врз ракот во заедницата на NSW.  Повеќе информации за студијата CLEAR дознајте на www.clearstudy.org.au

Проектот ‘B Positive’ беше развиен како директна реакција на брзиот раст на појавата на рак на црниот дроб во NSW во изминатите 20 години, особено меѓу Австралијците кои се родени во држави каде што инфекцијата од хептит Б е честа и се јавува во раното детство.  Врз основа на научни информации кои покажуваат дека лекувањето на хроничната инфекција од хепатит Б може значително да го намали ризикот за развој на рак на црниот дроб, проектот ‘B Positive’ е соработка предводена од Cancer Council со болничките лекари, општите лекари, истражувачите и организациите на заедниците кои ги претставуваат заболените заедници. Освен откривањето и лекувањето на хроничната инфекција од хептит Б, програмата ќе ги испитува луѓето за ризик од рак на црниот дроб, со цел зголемување на бројот на рана дијагноза за рак, која може да се излекува со клиничка интервенција.

‘B Positive’ е пилот студија насочена кон локалните владини подрачја, Ферфилд и Ливерпул во Југозападен Сиднеј, каде што појавата на рак на црниот дроб и хроничниот хепатит Б се значително повисоки од останатиот дел на NSW и Австралија.

Всушност, нашите истражувања истакнаа дека жител на Австралија роден во Виетнам и Кина има 6-12 пати поголема веројатност да биде дијагностициран со рак на црниот дроб, отколку лице родено во Австралија, како последица на високата појава на хронична инфекција од хепатит Б во тие заедници.

Со цел тој проект да биде успешен, мора да ги подобриме откривањето и третманот за хепатит Б и да ги убедиме лицата со висок ризик за рак на црниот дроб рано да се тестираат за да го подобрат исходот од болеста.