Cancer Council

Болка од рак

Болката може да има големо влијание врз Вашиот живот, да Ве спречи да ги правите нештата кои сакате. Контролирањето на болката може да Ви овозможи да се вратите на многу од активностите во кои уживате.

Не сите луѓе што имаат рак имаат болка, а оние што имаат немаат постојана болка.

Вообичаени причинители на болка од ракот се:

  • тумор што притиска врз органите, нервите или коски
  • слаба циркулација затоа што ракот ги блокирал крвните садови
  • блокирање на орган или туба во телото
  • инфекција или оток и црвенило (воспаление)
  • негативни ефекти од хемотерапија, радиотерапија или хирургија
  • вкочанетост на мускулите поради тензија или неактивност
  • коскена сркшеница
  • загуба на телесна тежина и неправилна положба што предизвикува болка во грбот.

Не чекајте болката да излезе од контрола пред да преземете нешто.  Дознајте што најдобро функционира за Вас. На пример, некои луѓе користат метод за релаксација во истото време кога земаат лек против болка. Нема еден најдобар начин за ублажување на болката, но може да се најде нешто што ќе му помогне на секој пациент. Спознајте се себеси и што можете да направите. Честопати, кога другите луѓе се одморени и будни, може да користат метод за ублажување болка за кој е потребна повеќе енергија. Кога се изморени, ќе мора да користат метод за кој е потребен помал напор. На пример, некои луѓе се фокусираат врз нешто друго, а не врз болката (одвлекување на вниманието), кога се одморени; а користат топли или ладни пакувања кога се изморени.

Бидете отворени и обидувајте се. Би можеле да помогнат некои нешта кои може да изгледа дека не можат да помогнат. Секој метод пробајте го повеќе од еднаш. Ако не функционира првиот пат, обидете се уште неколку пати пред да се откажете. Она што еден ден не функционира, следниот може да функционира.  Различни здравствени професионалци работат заедно како тим за да помогнат да се справите со Вашата болка.

Тимот за палијативна нега работи на ублажување на симптомите и вознемиреноста предизвикани од ракот, како на пример, болка, лошење, констипација или немање здив, за да Ви озвоможат живот со најдобар можен квалитет. Тимот за палијативна нега вклучува лекари, медицински сестри, психотерапевти, трудови терапевти и социјални работници. Може да Ве упатат до тим за палијативна нега во кое било време од Вашата болест и тоа не значи дека Вие умирате.