Една австралиска студија од 2008 година покажа дека 65% од пациентите заболени од рак користат некоја форма на комплементарни терапии.
Има многу причини зошто луѓето користат комплементарни терапии, ако биле дијагностицирани со рак. Во нив спаѓаат желбите:
- да создадат поздрав начин на живот
- да ја намалат токсичнота на конвенционалните терапии
- да се чувствуваат силни и да направат нешто позитивно
- да помогнат во справување со негативнитe ефекти од третманот за рак
- да го засилат имунолошкиот систем
- да го зајакнат телото со цел справување со конвенционалните третмани
- да ја намалат потребата за инвазивни, болни или скапи конвенционални терапии
- да се справат со физичките и емоционалните предизвици кои може да влијаат врз самодовербата
- да се приспособат на промените во нивната сексуална желба, сексуалното функционирање и интимните односи
- да го подобрат квалитетот на живеење
- да ги подобрат удобноста и смиреноста
- да помогнат на палијативната нега.
Cancer Council поддржува терапии за кои постојат докази дека се безбедни и делотворни со начуни (клинички) истражувања. Не сите терапии се клинички делотворни, но анегдотските (лични) докази укажуваат дека тие се полезни.
Следниве терапии се покажале како успешни во клинички обиди:
- советување, медитација, релаксација, групи за поддршка – помагаат за намалување на стресот и подобрување на самодовербата
- терапија со уметност и музика – помага за отпуштање, намалување на болката и изразување на чувствата
- духовни практики – го намалуваат стресот и ја подобруваат способноста за справување со предизвиците
- масажа – ги намалува болката, заморот, несоницата, вознемиреноста, депресијата и лошењето
- ароматерапија – го подобрува сонот и помага за отпуштање
- рефлексологија – ја намалува вознемиреноста
- акупунктура – намалува лошење, повраќање, замор и болка
- јога и физичка активност – ги намалува вознемиреноста, депресијата, заморот, несоницата и слабеењето на мускулите
- таи чи – ја ублажува болката, ја подобрува флексибилноста и силата и го намалува стресот
- чи гонг – го подобрува квалитетот на живеење, ги намалува заморот, болката и негативните ефекти од третманот и го подобрува расположението
- исхрана – им помага на раните и оштетеното ткиво подобро да зараснат и го зајакнува имунолошкиот систем на телото
- билна медицина – ги намалува дигестивните нарушувања, го подобрува апетитот и ја зголемува отпорноста на инфекции.
Ако размислувате во врска со користење на комплементарни терапии, важно е да разговарате за нив со Вашите даватели на примарна здравствена нега (пр. општ лекар, медицински сестри, специјалисти) за да може да се следи целокупната нега за ракот. Информирајте ги Вашите лекари и медицински сестри на тој начин што Вашиот терапевт по комплементарна медицина ќе напише писмо со информации во врска со Вашите третмани.
За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council (PDF)