Cancer Council

Радиотерапија

Радиотерапијата користи зрачење за убивање на клетките на ракот или нивно повредување со цел оневозможување нивно множење.
Радиотерапијата може да се користи за лекување на првобитниот (примарен) рак и местата каде што ракот се проширил (метастазирал). Исто така може да се користи како палијативен третман.

Иако зрачењето влијае врз сите клетки, сепак нормалните клетки се подобро способни од клетките на ракот да закрепнат од неговите влијанија.
Третманите не болат. Зрачењето не е топло. Нема да ги видите или да ги почувствувате зраците.

Радиотерапијата може да се даде на два начина – однадвор (екстерно) или од внатрешноста на телото (интерно). Може да примате еден тип или комбинација од двете форми на радиотерапија.

 За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council (PDF)