Cancer Council

Хемотерапија

Хемотерапијата користи лекови – цитотоксини – за да го забави растот или за да ги убие клетките на ракот. Има многу различни типови на лекови за хемотерапија. Понекогаш се користи само еден лек, но честопати истовремено се даваат два или повеќе лекови. Тоа се нарекува комбинирана терапија.

Типот на хемотерапија којшто го примате зависи од неколку фактори, вклучително видот на рак што го имате, каде започнал во Вашето тело, како изгледаат клетките на ракот под микроскоп и дали се прошириле до други делови од телото.

Хемотерапијата може да произведе различни реакции во различни луѓе. Некои луѓе немаат никакви негативни ефекти, а некои имаат неколку. Реакциите исто така ќе се разликуваат од еден третман со хемотерапија до друг. Сепак, многу негативни ефекти може да се контролираат или да се намалат.

Не можеме да Ве советуваме кој е најдобриот третман за Вас. За тоа треба да разговарате со Вашите лекари.

Некои видови на рак може да се излечат само со хемотерапија или во комбинација со други третмани, како на пример, хирургија или радиотерапија.  Хемотерапијата може да се прима или пред или по другите третмани. Кога се прима претходно, лековите се користат со цел ракот да се направи помал, така што другиот третман да биде поделотворен. Кога се дава по другиот третман, хемотерапијата се користи за убивање на преостанатите клетки на ракот кои подоцна може да предизвикаат проблеми.

Палијативната нега е насочена кон ублажување на симптомите. Особено е важна за луѓето со рак во напреден стадиум кои не може да се излекуваат, но сакаат да го одржат квалитетот на нивниот живот. На пример, хемотерапијата може да се користи за ублажување на болката предизвикана од ракот, или да го спречи ширењето на ракот во друг орган.

 За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council (PDF)