Cancer Council

Добра исхрана

Овошјето и зеленчукот може да обезбедат заштита од рак на устата, грлото, хранопроводот, желудникот и цревата. Овошјето исто така може да обезбеди заштита од рак на белите дробови.

Овошјето и зеленчукот се клучни за здрава и урамнотежена исхрана. Тие се голем избор на влакна, витамини и минерали, а исто така содржат природни заштитни супстанции, како на пример, антиоксиданти, кои можат да ги уништат агенсите кои предизвикуваат рак и клетките на ракот.

Овошјето и зеленчукот веројатно најмногу помагаат за одржувањето на здрава телесна тежина. Тоа е поради тоа што овошјето и зеленчукот имаат ниско ниво на енергија (килоџули или калории), а високо ниво на влакна, коишто помагаат да се чувствуваме посити и може да ни помогнат помалку да јадеме. Прекумерната телесна тежина и обезноста се силен фактор на ризик за некои типови на рак – на дебелото црево, на хранопроводот, на бубрезите и рак на дојките во постменопаузата.

Истражувањата покажуваат дека исхраната со висока содржина на црвено месо се поврзува со умерено зголемен ризик за рак на дебелото црево; најголема причина за загриженост изгледа дека е обработеното месо. Cancer Council им препорачува на луѓето да избегнуваат да јадат обработено месо, кое има висока содржина на масти, сол и нитрати. Во обработеното месо спаѓаат колбасите, виршлите, саламите, сланината и шунката. Cancer Council препорачува јадење само на умерени количини на свежо црвено месо. Умерено внесување на месо е 65-100g зготвено црвено месо, 3-4 пати неделно. Ова исто така е препораката од Водичите за исхрана за Австралијанци.

Нема доволно докази за да се извлечат какви било заклучоци за јадењето на живина и ризикот за рак. Јадењето риба може да помогне за намалување на ризикот за рак на дебелото црево, на дојката и на простатата.

Обидете се да изберете тенки парчиња месо или пилешко, јадете повеќе риба и бидете сигурни дека јадете многу растителна храна, како на пример, овошје, зеленчук и житарици.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council (PDF)