Cancer Council

Откажете се од пушење

Здравствените придобивки од откажувањето од пушење започнуваат за два часа од прекинот на пушењето.

Никотинот е она што Ве тера да пушите. Никотинот е дрога што влијае врз многу делови од Вашето тело, а бидејќи луѓето продолжуваат да пушат нивните тела стануваат зависни од никотин. Кога пушачите ќе престанат да пушат, нивните тела престануваат да бидат зависни. Тие може се чувствуваат вознемирени, гладни и раздразливи. Некои истражувања покажуваат дека зависноста од никотин е слична на зависноста од хероин или кокаин. Иако откажувањето може да биде тешко, со вистинската поддршка и знаењето дека симптомите ќе поминат по првите неколку недели – Вие исто така можете да станете успешен непушач. Клучот е да располагате со неколку стратегии кога нагонот повторно да пушите ќе стане пресилен.

Сите пушачи имаат сопствени навики за пушење кои одат со различни расположенија, настани или места.

Во најчестите причини заради кои луѓето пушат спаѓаат: емоциите – чувството на стрес, вознемиреност, лутина; задоволство – награда по задача или како начин за отпуштање; општествено задоволство – да се биде дел од толпа; навика – навикнати сте да правите нешто додека пушите, пр. возење или пиење во друштво; зависност – задоволување на нагонот за никотин.

Кои се причините заради кои пушите?  Размислете за нив и запишете ги.

А сега размислете кои би биле придобивките ако не пушите. Запишете и споредете ги двата списоци.

Откажувањето може да биде онолку лесно или тешко колку што сакате да биде, затоа треба да имате на ум неколку стратегии за да се справите со тешките времиња.

Запишете го бројот на Телефонската линија за откажување од пушење13 7848 (13 ОТКАЖИ СЕ)

Службата на Телефонската линија за откажување од пушење е бесплатна линија финансирана од Владата која дава совети и поддршка за откажување од пушење. Во Нов Јужен Велс, советници се достапни од 7:00 до 10.30 часот од понеделник до петок и од 9:00 до 17:00 часот во сабота и недела. Во друго време се уште можете да нарачате прибор за откажување, да слушате снимени информации и да ги оставите Вашоте податоци за да Ви се јават.

Методите за откажување се разликуваат. Некои луѓе едноставно престануваат, додека некои луѓе користат терапии за замена на никотинот, некои посетуваат групи, а други користат инспиративни помагала, како акупунктурата, медитацијата, снимани пораки или хипноза.

Разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт во врска со различните методи на откажување.  Има два главни лека кои се издаваат со рецепт, а за кои се покажало дека им помагаат на луѓето да се откажат од пушење, Bupropion (со продажни имиња Bupropion-RL, Clorprax, Prexaton, Zyban SR) и Varenicline (продажно име Champix). Ниту еден од лековите не содржи никотин, но сите дејствуваат преку слични супстанции на никотинот во мозокот и мора да бидат препишани од лекар.

Се покажало дека правилната употреба на следните производи ги удвојува шансите за откажување од пушење меѓу тешките пушачи.

Терапиите за замена на никотинот: таблети, лепенки, гуми за џвакање,таблети за лижење и инхалатор. Сите терапии за замена на никотинот се достапни без рецепт во Вашата локална аптека, а некои се достапни на други продажни места, како на пример супермаркети или бензински пумпи.

Bupropion – (Bupropion, Clorprax, Prexaton, Zyban SR)
Овој лек треба да го препише лекар.

Varenicline (Champix)
Овој лек треба да го препише лекар.

Доколку неодамна сте преживеале срцев удар, сте бремени или доите, разговарајте со Вашиот лекар пред да користите некој од тие производи.

Најдете партнер за откажување за да можете да се поддржувате меѓусебно и да планирате што би направиле ако станете вознемирени, изморени или лути – многу луѓе откриваат дека се многу поотпуштени откако ќе престанат да пушат, бидејќи нивото на никотин го зголемувал нивото на нивниот стрес.  Дента пред да се откажете, исчистете ја Вашата куќа и автомобил и ако ги купувате цигарите од истото место од каде што купувате намирници, обидете се да пазарите на друго место неколку недели со цел да го избегнете искушението.

Некои статистички податоци за пушењето

  • Пушењето ги предизвикува 20% до 30% од сите видови на рак кај човекот. (1)
  • Се проценува дека секоја година во светот има 1,5 милиони нови случаи на рак на белите дробови.  Приближно 80% од тие нови случаи се предизвикани од пушењето цигари. (2)
  • Се проценува дека во 2005 година пушењето предизвикало 11.308 нови случаи на рак во Австралија. (3)
  • Во 2005 година во Австралија имаше 8.155 смртни случаи од вид на рак поврзан со пушењето. Ракот на белите дробови бил одговорен за 5.738 од тие смртни случаи. (3)
  • Од сите држави и територии на Австралија, во 2003 година смртните случаи од рак поврзан со пушењето биле највисоки во Северната Територија (53% повисоки од националната стапка). (4)
  • Во NSW во 2008 година имаше 13.213 смртни случаи од рак, 3.260 нови случаи на рак на белите дробови и 2.664 смртни случаи од рак на белите дробови. (5)
  • Во NSW во 2008 година, пушењето цигари беше најчестиот фактор на ризик за рак на белите дробови, мочниот меур, грлото на матката, главата и вратот, усната, панкреасот, хранопроводот, дебелото црево и бубрезите. (5)

Многу поранешни пушачи имале неколку обиди пред да се откажат засекогаш. Планирањето ќе ги подобри Вашите можности за успех.  Запомнете, здравствените придобивки од животот без цигари започнуваат два часа од откажувањето.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council. Stop Smoking (PDF)

 

Референции

1.  U.S.Department of Health and Human Services. (2010); How Tobacco Smoke Causes Disease: The Biology and Behavioral Basis for Smoking-Attributable Disease: A Report of the Surgeon General. Atlanta, G.A.: U.S. Department of Health and Human Services, Centers for Disease Control and Prevention, National Center for Chronic Disease Prevention and Health Promotion, Office on Smoking and Health.

2. Boyle P, Levin B (Eds). World Cancer Report. IARC Press. Lyon 2008

3. AIHW (Australian Institute of Health and Welfare) & AACR (Australasian Association of Cancer Registries) 2008. Cancer in Australia: an overview, 2008. Cancer series no. 46. Cat. no. CAN 42. Canberra: AIHW. www.aihw.gov.au/publications/can/ca08/ca08.pdf  (PDF Size 532 KB)

4. Begg S, Vos T, Barker B, Stevenson C, Stanley L, Lopez AD, 2007. The burden of disease and injury in Australia 2003. Australian Institute of Health and Welfare. Canberra 2007.

5. Tracey E, Kerr T, Dobrovic A, Currow D. Cancer In NSW: Incidence and Mortality Report 2008. Sydney: Cancer Institute NSW, August 2010.