Cancer Council

Скрининг и рано откривање

За рано откривање на ракот има две нешта што можете да ги направите

  1. Направете преглед. Веднаш посетете го Вашиот лекар ако забележите какви било промени во Вашето тело.
  2. Учествувајте во програма за скрининг, ако тоа е препорачливо за Вас.

Поголемиот број видови на рак може да се откријат во рана фаза кога тие полесно може да се лекуваат, ако се забележат симптомите.

Важно за луѓето од сите возрасти е да направат преглед кај својот општ лекар кога ќе забележат нешто невообичаено или се загрижени за што било. Треба да знаете што е нормално за Вас, за да можете веднаш да забележите кога има промени.

Нешта на кои треба да обратите внимание се:

  • Грутки или рани кои не закрепнуваат (како чир во Вашата уста)
  • Кашлица или засипнатост која не поминува
  • Необјаснета загуба на телесна тежина
  • Бемка или дамка на кожата која ја менува својата форма, големина или боја
  • Промена во Вашите навики за одење во тоалет

Кога немате никакви симптоми, скринингот опфаќа тест за рак. Тоа претставува одличен начин за рано откривање на некои видови на рак, кога има многу подобра можност за лекување. Се препорачува за специфични групи, за кои знаеме дека има сигурна полза. Тие се

  • Жените на возраст од 50 -69 години, треба да одат на скрининг со мамограф за рак на дојка на секои две години:
  • Жените на возраст од 18 -70 години, треба да направат Пап тест за рак на грлото на матката на секои две години:
  • Мажите и жените на возраст од 50 години и повеќе, треба да направат тест за рак на дебелото црево со помош на прибор за тестирање за рак на дебелото црево еднаш годишно:
  • Лицата кои имаат мајка, татко, сестра или брат кој имал рак, треба да го посетат својот лекар за да разговараат за својот личен ризик.

За повеќе информации кликнете овде и преземете ја Листата со факти за Cancer Council (PDF)